CardioPrevent (КардиоПревент) logo - kardioprevent.mk
Зголемена телесна тежина и обезност – ризик што не смее да се игнорира
Превенција8 мин читање

Зголемена телесна тежина и обезност – ризик што не смее да се игнорира

Зголемената телесна тежина претставува сериозен медицински ризик поврзан со кардиоваскуларни заболувања, дијабет и нарушен метаболизам.

КАРДИО ПРЕВЕНТ21 април 2026 г.

Зголемена телесна тежина и обезност – ризик што не смее да се игнорира

Зголемената телесна тежина не е само естетски проблем – таа е сериозен медицински ризик. Денес, дебелината се смета за хронична болест, поврзана со зголемен ризик од висок крвен притисок, дијабетес тип 2, нарушен липиден профил, срцеви болести, болки во зголобовите и намалена подвижност.

Она што често се занемарува е дека дури и умерено покачување на телесната тежина може да има значително влијание врз здравјето – особено ако масното ткиво е концентрирано во абдоминалната регија.

Зошто се јавува зголемена телесна тежина?

Причините се комплексни и ретко се сведуваат само на „прејадување“ и немање на доволна физичка активност. Најчесто станува збор за комбинација од:

  • Хормонален дисбаланс
  • Инсулинска резистенција
  • Намалена физичка активност
  • Хроничен стрес
  • Неправилни навики во исхраната
  • Генетска предиспозиција

Токму затоа, пристапот мора да биде медицински, индивидуализиран и воден од стручен тим.

За што помага намалувањето на телесната тежина?

  • Намалување на ризикот за дијабет
  • Решавање на инсулинската резистенција
  • Намалување на ризикот за болести на срцето и крвните садови
  • Достигнување на препорачана телесна тежина пред забременување
  • Враќање на телесната тежина после породување
  • Справување со покачена телесна тежина во перименопауза и менопауза
  • Намалување на болките во зглобовите
  • Подобрување на подвижноста и зголемување на енергијата
  • Подобрување на изгледот и самодовербата

Програмa за намалување на телесна тежина во КАРДИО ПРЕВЕНТ

Во Кардио Превент, пристапот кон намалување на телесната тежина е структуриран, медицински контролиран и целосно индивидуализиран.

Програмата се води од тим на ендокринолог и кардиолог и е наменета за лица кои сакаат безбедно и одржливо намалување на тежината, со фокус на здравјето на срцето.

Што вклучува програмата?

  • Детална медицинска проценка
  • Анализа на метаболизмот и хормоналниот статус
  • Индивидуален план за исхрана
  • Планирана физичка активност
  • Следење и адаптација на програмата
  • Поддршка за промена на животниот стил

Немедикаментозно намалување на телесната тежина

Овој пристап е основа на секоја успешна трансформација.

Вклучува:

  • Структурирана и балансирана исхрана
  • Контрола на калориски внес
  • Зголемување на физичката активност
  • Корекција на навики (сон, стрес, рутина)

Целта не е краткорочно слабеење, туку долгорочна стабилизација на тежината и подобрување на здравјето.

Медикаментозно намалување на телесната тежина

Кај одредени пациенти, кога постојат медицински индикации, се применува и медикаментозна терапија, со лекови одобрени за оваа индикација – секогаш под контрола на ендокринолог.

Овој пристап:

  • Се користи кога немедикаментозните мерки не се доволни
  • Се базира на индивидуална проценка
  • Се следи редовно за безбедност и ефект

Важно е да се нагласи дека медикаментозната терапија не е „брзо решение“, туку дел од поширока медицинска стратегија.

Зошто да не одложувате?

Колку порано се започне со контролирање на телесната тежина, толку е поголема шансата да се превенираат сериозни кардиоваскуларни компликации.

Намалување од само 5–10% од телесната тежина може значително да го подобри:

  • Крвниот притисок
  • Нивото на шеќер во крвта
  • Липидниот профил
  • Општата физичка кондиција

Првиот чекор е најважен

Контролата на телесната тежина не е прашање на волја – туку на правилен пристап, поддршка и медицинско водство.

Во Кардио Превент, добивате стручен тим кој ќе ве води низ целиот процес – без ризик, без импровизации и со јасна стратегија за долгорочен успех.

Поврзани блогови