Заштитете го срцето додека е сè уште здраво.
Кардиоваскуларната превенција е интелигентна одлука за луѓе кои планираат долгорочно. Затоа што повеќе од 80% од кардиоваскуларните заболувања можат да се спречат. Затоа што една навремена одлука денес може да значи години здрав и активен живот утре. Нашите програми за кардиоваскуларна превенција се структурирани медицински програми, водени од страна на нашите искусни кардиолози.
Дијагностицирање на состојбата на Вашето срце и крвни садови (Во рамките на Центарот за дијагноза и третман на кардиоваскуларни болести КАРДИОМЕДИКA СРБИНОВСКИ) ЕКГ, Колор Доплер ехокардиографија, Доплер на периферни крвни садови, Холтер ЕКГ за 24/48 часа, Холтер ЕКГ со проценка апнеа со сон (sleep apnea), Холтер за крвен притисок, Коронарен стрес тест.
Одредување на Вашите ризик фактори за срцеви болести (покачен крвен притисок, покачени вредности на липидите во крвта, дијабет, пушење, генетика, стрес, зголемена телесна тежина, физичка неактивност)
Пресметување на Вашиот индивидуален ризик за равој на фатален и нефатален кардиоваскуларен настан
Третман на ризик факторите со промени на стилот на живот
Третман на ризик факторите со лекови кога за тоа постои медицинска оправданост
Програми за намалување на телесна тежина
Структурирана програма за физичка активност
Индивидуализирана програма за исхрана која одговара на Вашата здравствена состојба
Програма за одвикнување од пушењето
Психолошко советување и поддршка за поединецот и семејството
Јога и кардио јога
Закажете го вашиот преглед уште денес и преземете го првиот чекор кон поздраво срце.
Контакт
+389 78 262 391
contact@kardioprevent.mk
ул. Женевска бр.39/2-1, Скопје
© 2026 Кардио Превент. Изработено со
од Avolta