CardioPrevent (КардиоПревент) logo - kardioprevent.mk
Назад кон Услуги

Амбулантска кардиоваскуларна рехабилитација

Патека напред кон поздраво срце.

Опис на програмата

После инфаркт, стент, бајпас, операција на залистоци или дијагноза на срцево заболување – телото не се враќа само од себе. Во КАРДИО ПРЕВЕНТ Ви нудиме индивидуализирана програма кој вклучува вежбање, едукација и психолошка поддршка, прилагодена на Вашите потреби. Кардиолошката рехабилитација е клучен дел од закрепнувањето – исто толку важна како земањето на вашата терапија.

Програмата е наменета за:

Пациенти по инфаркт
Пациенти после поставување на стент или бајпас хирургија
Пациенти по операција на залистоци
Пациенти со стабилна ангина
Пациенти со срцева слабост
Лица со висок кардиоваскуларен ризик

Бенефити

Го скратува периодот на опоравување за 50%
Го намалува ризикот од повторен инфаркт
Ја намалува смртноста од кардиоваскуларни болести и вкупната смртност за 30%
Ја намалува потребата од болничко лекување кај пациенти со срцева слабост
Ја намалува депресијата и ансиозноста
Ја подобрува физичката кондиција и квалитетот на живот

Програмата опфаќа:

Сесии за физичко вежбање - Вежбите се индивидуално прилагодени според вашата состојба, способности и преференции. Целта е безбедно да се зголеми физичката издржливост, силата и самодовербата. Ќе добиете и насоки како да останете физички активни секојдневно, дури и дома.

Едукативни сесии - Покрај физичката активност, можете да посетувате и информативни часови и да добиете - брошури и прирачници кои ќе може да ги читате и проучувате кога сакате.

Групна поддршка - Кардиолошката рехабилитација нуди одлична можност да се запознаете со луѓе кои поминуваат низ слично искуство, да споделувате совети и да создадете мрежа на поддршка. Ова може да биде преку заеднички часови, онлајн групи или посебни сесии за поддршка.

Емоционална поддршка и ментално здравје - Кардиолошката рехабилитација обезбедува совети и насоки за прилагодување на животот со срцево заболување, справување со стрес и емоции, како и поддршка при депресија или анксиозност.

Често поставувани прашања

Сакате да ја закажете оваа услуга?

Закажете го вашиот преглед уште денес и преземете го првиот чекор кон поздраво срце.

CardioPrevent (КардиоПревент) logo - kardioprevent.mkCardioPrevent (КардиоПревент) logo - kardioprevent.mk

Доверливи партнери за кардиоваскуларно здравје

Контакт

+389 78 262 391

contact@kardioprevent.mk

ул. Женевска бр.39/2-1, Скопје

© 2026 Кардио Превент. Изработено со

од Avolta