CardioPrevent (КардиоПревент) logo - kardioprevent.mk
Назад кон Услуги

Програма за женско кардиоваскуларно и метаболно здравје

Грижа што ја разбира жената.

Опис на програмата

Срцевите заболувања кај жените често се тивки, а симптомите – атипични и погрешно толкувани. Замор, срцебиење, несоница, краток здив или болка што не личи на „класичен инфаркт“ често се игнорираат. Затоа женското срце бара посебен пристап. Оваа премиум програма е создадена за жени кои сакаат контрола, јасност и сигурност, а не општи совети. Таа го зема предвид женското тело, хормоналните промени, перименопаузата и менипаузата, стресот и динамичниот животен ритам – и нуди прецизна, дискретна и персонализирана грижа.

Програмата е наменета за:

жени кои се одговорни за своето кардиоваскуларно здравје
жени со фамилијарен ризик од срцеви заболувања
жени со стресен, динамичен начин на живот
жени во перименопауза и менопауза
жени со инсулинска резистенција
жени кои сакаат превенција, не изненадувања

Бенефити

Подобра контрола врз сопственото здравје
Рано откривање на ризици што не болат
Повеќе енергија и физичка сигурност
Намален ризик од инфаркт и мозочен удар
Јасен план што можете да го следите

Програмата опфаќа:

Сеопфатна проценка на исхраната

Анализа на тековните навики

Изработка на персонализирани планови

Едукација за здрави намирници

Редовни следења

Често поставувани прашања

Сакате да ја закажете оваа услуга?

Закажете го вашиот преглед уште денес и преземете го првиот чекор кон поздраво срце.

CardioPrevent (КардиоПревент) logo - kardioprevent.mkCardioPrevent (КардиоПревент) logo - kardioprevent.mk

Доверливи партнери за кардиоваскуларно здравје

Контакт

+389 78 262 391

contact@kardioprevent.mk

ул. Женевска бр.39/2-1, Скопје

© 2026 Кардио Превент. Изработено со

од Avolta