CardioPrevent (КардиоПревент) logo - kardioprevent.mk
Назад кон Услуги

Програми за одвикнување од пушење

Одлука што го менува здравјето веднаш - зачувај го срцето, диши слободно.

Опис на програмата

Пушењето не е "само" лоша навика - тоа е зависност што тивко го оштетува срцето, крвните садови, белите дробови. Добрата вест? Телото почнува да се обновува веднаш штом ќе престанете. Во КАРДИО ПРЕВЕНТ Ви нудиме структурирана, медицински поддржана програма за прекин на пушењето, Напшата цел е да Ви помогнеме да престанете – и да останете непушач.

Програмата е наменета за:

пушачи кои сакаат да престанат, но не успеале сами
лица со кардиоваскуларен ризик
пушачи со кашлица, замор или краток здив
лица со хронични кардиоваскуларни заболувања
пушачи што сакаат да дишат полесно и да живеат подолго
лица со хронични белодробни заболувања

Бенефити

Подобра функција на срцето и белите дробови
Намален ризик од инфаркт и мозочен удар
Повеќе енергија, подобар сон и полесно дишење
Намален ризик за карцином на бели дробови
Подобрен вкус и мирис
Контрола врз сопственото здравје

Програмата опфаќа:

Почетна проценка на зависноста и здравствените ризици

Јасен, чекор-по-чекор план прилагоден на вас

Поддршка за справување со апстиненцијата и желбата за цигара

Контрола на стрес, апетит и телесна тежина

Следење на напредокот и навремени корекции

Професионална психолошка поддршка во критичните моменти

Често поставувани прашања

Сакате да ја закажете оваа услуга?

Закажете го вашиот преглед уште денес и преземете го првиот чекор кон поздраво срце.

CardioPrevent (КардиоПревент) logo - kardioprevent.mkCardioPrevent (КардиоПревент) logo - kardioprevent.mk

Доверливи партнери за кардиоваскуларно здравје

Контакт

+389 78 262 391

contact@kardioprevent.mk

ул. Женевска бр.39/2-1, Скопје

© 2026 Кардио Превент. Изработено со

од Avolta