CardioPrevent (КардиоПревент) logo - kardioprevent.mk
Назад кон Услуги

Психолошка поддршка

Стабилност одвнатре. Сигурност за срцето.

Опис на програмата

Емоционална поддршка и ментално здравје - по срцев настан или дијагноза, сосема е нормално да почувствувате страв, фрустрација, лутина или тага. Многу луѓе се чувствуваат збунето и изолирано, што силно влијае врз нив и нивните најблиски. Лицата со срцеви заболувања не страдаат само од физичките симптоми, туку и од постојана психичка напнатост и чувство на губење контрола врз здравјето и животот.

Програмата е наменета за:

лица по кардиолошки настан
лица со хронични кардиолошки состојби
лица кои постојано се „на штрек“
пациенти со срцеви симптоми без јасна причина
луѓе под хроничен стрес
секој што чувствува дека телото и умот не се во ист ритам

Бенефити

страв по инфаркт, интервенција или дијагноза
анксиозност поврзана со срцето и телесните сензации
хроничен стрес и ментална исцрпеност
несоница и постојан внатрешен немир
тешкотија во прифаќање и одржување здрави навики
надминување на психолошките пречки во процесот на слабеење
психолошка поддршка за откажување од пушењето

Програмата опфаќа:

Индивидуални, доверливи разговори

Разбирање на телесните реакции без страв

Техники за справување со анксиозност и стрес

Поддршка при промена на животен стил

Можност и за (доколу постои желба): работа во групи, групи за поддршка

Често поставувани прашања

Сакате да ја закажете оваа услуга?

Закажете го вашиот преглед уште денес и преземете го првиот чекор кон поздраво срце.

CardioPrevent (КардиоПревент) logo - kardioprevent.mkCardioPrevent (КардиоПревент) logo - kardioprevent.mk

Доверливи партнери за кардиоваскуларно здравје

Контакт

+389 78 262 391

contact@kardioprevent.mk

ул. Женевска бр.39/2-1, Скопје

© 2026 Кардио Превент. Изработено со

од Avolta